80 години од холокаустот на македонските Евреи
80 години од депортацијата на над 7 илјади македонски Евреи, испратени во логорот Треблинка. Се одбележува под мотото „11 март 1943 – никогаш повеќе“. „за да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи-порача претседателот Пендаровски. Младите Евреи со став-многу важно идните генерации да ја знаат својата историја и што преживеале нивните предци. Потресна исповед на единствената преживеана Еврејка од Штип Рашела...

Со поворка на живите, од старата железничка станица до скопскиот монопол, одбележана 80 годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи. Шефот на државата Пендаровски кој маршираше заедно со граѓаните, меѓу кои имаше и живи потомци на погубените рече дека кога луѓето не се спротивставуваат на неправедните системи, стануваат или активни соучесници или пасивни набљудувачи. Тој побара извинување од Бугарија.
Пред безмилосно да бидат натоварени во сточни вагони, испратени во Треблинка и убиени во логорот на смртта, нивното човечко достоинство беше кршено, а слободата и идентитетот заробени, рече вицепремиерот Битиќи. Порача злосторството да не се повтори.
Меѓу присутните беше и Рашела, единствената преживеана Еврејка од Штип, која тогаш имала само 8 години. Нејзиното семејство било испратено во Треблинка.
Младите Евреи истакнаа дека е многу важно идните генерации да ја знаат својата историја и што преживеале нивните предци.
Во логорите на смртта за време на Втората светска војна биле убиени 98 проценти од еврејската популација во Македонија.
Анита Димитријевска Велковска
