МВР
Инцидент во Бутел, полицаец пукал во воздух
12.03.2023 13:38
Нов инцидент во Скопје. Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, група лица со две возила им го попречиле патот на тројца скопјани на улицата Карпош во близина на клучката Радишани, по што и физички ги нападнале...

Нов инцидент во Скопје. Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, група лица со две возила им го попречиле патот на тројца скопјани на улицата Карпош во близина на клучката Радишани, по што и физички ги нападнале.
Меѓу лицата кои биле нападнати бил и полицаец кој не бил на смена. Тој за да се одбрани испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол, по што групата побегнала. Двајца се упасени.
На повредените им била пружена лекарска помош во болница.
