Тимошенко: Ако не станам претседател „револуцијата“ ќе продолжи

07.05.2014 10:53

„Доколку граѓаните изберат друг кандидат, нема да може да се избегне третата рунда од револуцијата“, изјави Јулија Тимошенко на прес-конференцијата во градот Николаево, јавува ИТАР-ТАСС.

Тимошенко нагласи дека несакала да биде одговорна за пропаста на револуцијата и доколку Украина избере друг претседател, промените немале шанси да бидат спроведени.

Таа понудила предлог закон, кој ќе придонел за решавање на проблемот со корупцијата, но призна дека власта не била заинтересирана, меѓу кои е и нејзиниот противкандидат на претстојните претседателски избори- Петар Порошенко.

Според најновите анкети, Порошенко има една третина од целокупнатаподдршка или 33,3 отсто од гласачите, додека Тимошенко може да смета на десет проценти од гласовите.

Предвремените претседателски избори во Украина се закажани за 25 мај.