Македонија

Отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

12.03.2023 17:37

Во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија и Институтот за национална историја, денеска беше отворена изложба посветена на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка...

Во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија и Институтот за национална историја, денеска беше отворена изложба посветена на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Изложбата се отвори во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Се состои од 19 изложбени паноа, на коишто се претставени над 200 документи и фотографии. Голем дел од нив се од архивските фондови на Државниот архив, поврзани со периоди од животот и функционирањето на Евреите во Македонија.

На отворањето на поставката присуствуваа претставници од јавната сфера, академската заедница, од верските заедници, дипломатскиот кор и други гости. Од име на Владата на изложба присуствуваше Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.