Собрание

Собранието ќе одржи две седници

13.03.2023 08:37

Во Собранието закажани продолжнијата на 51-та и 71-та седница...

Собранието денеска ќе ги одржи продолженијата на 51-та и 71-та седница. Во рамки на 51-та седница треба да се гласа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

На дневниот ред на собраниската седницата сè уште три законски решенија во прво читање.

Во рамки на 71-та седница, треба да се разгледаат повеќе точки меѓу кои и годишните извештаи за работата на Народниот правобранител, на Судскиот совет и на Државната комисија за спречување на корупцијата, трите за 2021 година.