Ковачевски ќе присуствува на свечено одбележување на „САЕ-ТИГАР“
Денес во 11:00 часот во Касарна „Илинден“-Скопје (базата на „САЕ-ТИГАР“), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе положи свежо цвеќе и оддаде почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ-ТИГАР“...

Како што соопштуваат од владината прес-служба, денес во 11:00 часот во Касарна „Илинден“-Скопје (базата на „САЕ-ТИГАР“), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе положи свежо цвеќе и оддаде почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ-ТИГАР“.
По повод свеченото одбележување на Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица-„САЕ-ТИГАР“, во организација на Министерството за внатрешни работи, свое обраќање ќе има и премиерот Ковачевски.
