Министерството за финансии враќа над 6,26 милијарди денари во стопанството
Вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари...

Вкупно 6,95 милијарди денари денеска ќе бидат вратени во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност, соопштија од министерството за финансии.
Вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите, стои во соопштението на министерството за финансии.
Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот.
Предвидено е владата да обезбеди нови 100 милиони евра кредити по субвенционирана камата за малите и средни фирми од Европската инвестициска банка, како и нови 10 милиони евра кредити со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот.
Со тоа на фирмите им се ставени на располагање скоро половина милијарда евра.
