Зеленски: Најмалку 1.500 загуби на непријател
Украинските сили успеваат да ги спречат руските напади околу Бахмут за заземање на градот, тврди Киев. Повеќе од илјада жртви меѓу непријателските војници и уништени сладишта на руската војска, изјави Зеленски...

За помалку од една недела само во секторот Бахмут украинските сили успеаја да елиминираат повеќе од илјада непријателски војници, што се неповратни загуби на Русија, вели украинскиот претседател Зеленски.
„Најмалку 1.500 загуби на непријател. Плус, беа уништени десетици единици непријателска опрема. Изгореа повеќе од десет складишта на руската војска“, изјави украинскиот претседател, Володомир Зеленски.
Украинскиот претседател Зеленски, постхумно му ја доделува највисоката национална титула „Херој на Украина“, на војник за кој се смета дека бил убиен од русите додека извикувал „Слава на Украина“.
