Франција

По протестите за пензиските реформи, градот на светлината преплавен во смет

13.03.2023 09:50

Купишта отпад ги преплави улиците во Париз. Нацрт-законот, кој ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, доби зелено светло од Сенатот и покрај штрајковите...

Купишта отпад ги преплави улиците во Париз, додека работниците кои се противат на спорниот предлог-закон со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање во Франција продолжија со штрајковите. Нацрт-законот, кој ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, доби зелено светло од Сенатот и покрај штрајковите.

„Прво, нема да се откажеме од нашата пензиска реформа. Потоа, чекор по чекор, ги регистрираме сите знаци кои ни дозволуваат да сметаме дека ќе можеме да го донесеме нашиот предлог-закон за пензиските реформи. Ние го следиме нашиот пат, со консултации, преговори со сите политички играчи и ќе успееме“, порача портпарол на француската влада Оливие Веран.

Синдикатите тврдат дека Французите на улиците преку штрајкови го покажуваат своето противење на реформите.