Јајцата – мултивитамин на природата

13.03.2023 09:52

Едно јајце содржи околу 77kcal, од кои 6g од протеини, 5g од маснотии и траги од јаглехидрати. Сите споменати компоненти се содржат во жолчката,додека белката содржи само протеини . Умерена консумација на јајцата не го зголемува холестерот и не му штети на срцето...

Јајцата се особено нутритивна храна, па затоа често се нарекуваат и мултивитамини на природата. Тие содржат антиоксиданти и хранливи материи кои се значајни за мозокот, а многу луѓе имаат недостаток од нив. Затоа јајцата се најнутритивната храна што постои. Содржат високо-квалитетни протеини, витамини и здрави маснотии. Јајцата содржат и витамин Б12 , витамин Б2, витамин А,витамин Б5, селен, помали количества на витамини и минерали , калциум, железо, калиум, цинк, манган, витамин Е, фолна киселина и други. Едно јајце содржи околу 77kcal, од кои 6g од протеини, 5g од маснотии и траги од јаглехидрати. Сите споменати компоненти се содржат во жолчката,додека белката содржи само протеини . Умерена консумација на јајцата не го зголемува холестерот и не му штети на срцето.

Причина заради која луѓето ги избегнуваат јајцата се холестеролот и маснотиите, затоа не смееме да ги јадеме секој ден. Тоа не значи дека овој холестерол веднаш ќе влијае на зголемување на нашиот крвен холестерол. Нашиот црн дроб произведува холестерол на дневно ниво. Колку тој ќе произведе, зависи од тоа колку и што сме јаделе. Ако внесеме повеќе холестерол од храната, црниот дроб ќе произведе помалку,Оваа храна може да го намали лошиот LDL и да го зголеми нивото на добриот HDL холестерол .Јајцата се богати со холин, важна хранлива материја за мозокот. Холинот е помалку познат нутриент што често се вбројува во Б комплекс витамините. Тој е есенцијален за човекот и е потребен за повеќе различни физиолошки процеси. Недостатокот од овој нутриент може да води кон заболувања на црниот дроб, срцеви заболувања, но и некои невролошки нарушувања.Тој е особено значаен за трудниците и бебето. Јајцето содржи околу 113mg холин. Јајцата содржат моќни антиоксиданти кои го штитат здравјето на очите.

Овие моќни антиоксидативни средства се наречени: лутеин и зеаксантин. Тие се акумулираат во ретината, сензорниот дел на окото, каде што го штитат од штетните сончеви зрачења. Лутеинот и зеаксантинот значително го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта. Тие се водечките причини за нарушен вид, поврзан со процесот на стареење. Сите јајца не се исти и затоа не треба да ја користиме оваа храна на дневна основа. Најчесто кокошките кои ги снесуваат овие јајца, се индустриски одгледувани кокошки. Најдобро е јајцата да се набавуаат од луѓе кои ги познаваме или за фарми кои знаеме како ги чуваат кокошките.

 

 

Катерина Стојановска Десковска