Свет
Северна Кореја истрела две крстосувачки ракети што погодија цели во Јапонско Море
13.03.2023 09:58
Станува збор за вежба на лансирање стратешки крстосувачки проектили. Во Сеул претпоставуваат дека лансирањата претставуваат потврда на заканите од Пјонгјанг...

Две севернокорејски крстосувачки ракети лансирани од подморници прецизно ја погодија целта во Јапонското Море, соопшти севернокорејската службена новинска агенција. Станува збор за вежба на лансирање стратешки крстосувачки проектили.
Централниот воен комитет на Работничката партија на Кореја, владејачката во Северна Кореја, изрази задоволство од резултатите на вежбите.
Во Сеул претпоставуваат дека лансирањата претставуваат потврда на заканите од Пјонгјанг за одговор на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.
