Свет

Штрајк на авиопревозниците во Германија

13.03.2023 10:02

Откажани се 351 лет од Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер. 24-часовниот прекин на работата на персоналот за проверка на безбедноста, беше најавен од синдикатот „Верди“...

Четири германски аеродроми работат со намален капацитет. Откажани се 351 лет од Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер. 24-часовниот прекин на работата на персоналот за проверка на безбедноста, беше најавен од синдикатот „Верди“.

Од аеродромското здружение АДВ со осуда за „злоупотребата“ на синдикатот, бидејќи аеродромите едвај закрепнуваат од „најдлабоката криза во авијацијата. Синдикатот „Верди“ вели дека „работат 24 часа на ден, седум дена во неделата и тоа има негативен ефект врз семејниот живот.