МВР: 881 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 881 возач.
Од нив 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила.
