Лајчак во посета на Белград
По минатонеделниот дводневен престој во Приштина, специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Лајчак, во посета на Белград во рамките на подготовките за претстојната средба меѓу српскиот и косовскиот лидер во Охрид...

По минатонеделниот дводневен престој во Приштина, специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Лајчак, во посета на Белград во рамките на подготовките за претстојната средба меѓу српскиот и косовскиот лидер во Охрид.
„Ќе се обидам да зборуваме за тоа што можеме да направиме, а не за што можеме да сонуваме“, изјави српскиот претседател Вучиќ.
Договорот за нормализација на односите и Заедницата на српски општини, остануваат во фокусот. Косовскиот премиер Курти и Вучиќ во Охрид, се очекува да го потпишат француско-германскиот или европскиот договор.
