КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ
Изградба на јужнокорејски арсенал за да се зајакне одбраната од Северна Кореја
13.03.2023 14:06
Официјален Сеул инсистира на изградба на јужнокорејски арсенал на нуклеарно оружје за да ја зајакне својата одбрана од Северна Кореја, па дури и на ризик од меѓународни последици...

Официјален Сеул инсистира на изградба на јужнокорејски арсенал на нуклеарно оружје за да ја зајакне својата одбрана од Северна Кореја, па дури и на ризик од меѓународни последици. Според тамошните власти, Пјонгјанг располага со десетици боеви глави.
Одлуката следува по зачестените лансирања на проектили од Северна Кореја. На последната вежба биле истрелани две севернокорејски крстосувачки ракети во Јапонско Море.
