Македонија

Штип: Врсничкото насилство меѓу учениците најмногу на социјалните мрежи

13.03.2023 14:25

Голем број на ученици во основно и средно училиште се соочуваат со психичко и физичко насилство, а во последно време најмногу со „онлајн насилство“, понижување, навреди и закани преку интернет. За овој вид насилство нашето законодавство предвидува затворска казна во времетраење од пет години...

Сајбер булингот е прв на листата на врсничко насилство кај учениците од основните училишта, покажуваат резултатите од анкетата на невладината ЕХО. Жртвите главно трпат психичко насилство и најчесто не го пријавуваат.

Најважно е децата да го препознаваат секој вид насилство и соодветно да реагираат доколку се соочат со него. Во Основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип стручните служби работат на превенција од булинг и ги поттикнуваат жртвите да го пријавуваат

Булинг е секоја форма на насилничко однесување, не е само физички напад врз жртвата. Булингот не е присутен само во училиштата, туку и надвор од нив, најчесто на социјалните мрежи. Едукации за превенција, препознавање и пријавување на врсничко насилство ќе има во сите основни училишта во Штип.

Славица Величковска