Етнос: Грција била светска „пералница“ на пари

07.05.2014 11:15

Милијарди „валкани пари“ биле „испрани“ низ грчките банки во периодот од десет од 1999 до 2010 година, кога се сметаа поголемиот дел од кешот бил „испран“ низ банкарскиот систем, пишува весникот „Етнос“, повикувајќи се на Комисијата за етика во грчкиот Парламент.

Од службата за борба против финансискиот криминал било пратено барање до Парламентот да превземе мерки  за да нема правни „вакцини“ за тие активности, а исто така и до банките за побрзо да ги обработуваат податоците, создавајќи регистер за банкарски сметки, за поголема транспарентност.

Според американска невладина организација, само за периодот од десетина години влез-излез - направиле 360 милијарди долари преку „перење“ пари, корупција и затајување на даноци.

Грција пред кризата беше на второ место по сивата економија меѓу 25-те земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).