Средба на претседателот Пендаровски со вселенскиот патријарх Вартоломеј
Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, на средбата било констатирано дека единствениот пат за добивање легитимен и целосно прифатен томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската патријаршија.

Претседателот Пендаровски во Истанбул оствари средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Шефот на државата се заблагодарил за улогата на Неговата Сесветост во надминувањето на црковниот спор, со што, македонската црква сега е во канонско единство со другите православни цркви.
Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, на средбата било констатирано дека единствениот пат за добивање легитимен и целосно прифатен томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската патријаршија.
Пендаровски на Вартоломеј му рекол дека очекува да го додели официјалниот документ за црковна самостојност.
„Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвара можност за ново и духовно растење на Охридската архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава“, велат од кабинетот на Пендаровски.
