Извештајот за работата на народниот правобранител пред пратениците
Властите не можат да го стават на дневен ред со време извештајот на омбудсманот, критикуваат од опозицијата. Одолговлекувањето нема ефект на дадените забелешки за подобрување на состојбите, вели омбудсманот...

Правата на граѓаните ги кршат државните институции, а властите не можат да го стават на дневен ред со време извештајот на омбудсманот, критикуваа пратениците од опозицијата, откако тој на седницата даде до знаење дека одолговлекувањето нема ефект на дадените забелешки за подобрување на состојбите.
Вината е кај работните тела, одговори собранискиот спикер. Првиот обид бил речиси една година претходно, а следувале уште 11 други, но работата никако да тргне, рече Џафери.
Опозицијата ја обвини владата дека нема слух за проблемите на граѓаните.
Недозволиво е, сметаат од опозицијата, во затворот Идризово тимот на омбудсманот да биде третиран како посетител и да се задржува на капијата со часови, за да може внатре да се прикријат малверзациите.
Во фокусот на расправата – случајот на Веапоска, неправдите нанесени поради извршители и најгорливиот проблем со правосудните органи, за кои се однесуваат најголем број претставки што биле доставени до народниот правобранител.
Фиљана Кока
