МТСП

Дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“

13.03.2023 15:04

Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството...

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството. На дискусијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, советничката за здравство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ана Данева Маркоска, специјализантката по кардиологија и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева и специјализант, медицинска сестра во Клиника за гинекологија, Маргита Трифуновска.

Министерката Тренчевска во своето обраќање се осврна на актите на насилство со кои се соочуваат жените кои се здравствени работници.

Во дискусијата се вклучи со сопствени примери и дел од нејзиното искуство и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева.

Маргита Трифуновска во своето обраќање истакна дека жените во медицинските професии долго време се дискриминирани на различни начини. Истакна дека покрај зголемениот број на студентки по медицина, жените сè уште се недоволно застапени во лидерски улоги, до скоро време вклучително и началници на оддели и декани на медицинските факултети. Тие, исто така, се соочуваат со разлики во платите во споредба со нивните машки колеги, дури и кога се земаат предвид факторите како специјалност, искуство и продуктивност.

Како гости на дискусијата беа присутни вработени жени и мажи во здравство како и студенти.