Жозеп Борел на 16 и 17 март во посета на земјава
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, на 15-16 март ќе отпатува за Албанија, а на 16-17 март во Северна Македонија, соопштуваат од Европската унија (ЕУ)...

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, на 15-16 март ќе отпатува за Албанија, а на 16-17 март во Северна Македонија, соопштуваат од Европската унија (ЕУ).
Во соопштението се наведува дека овие посети ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Северна Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.
Во Македонија, Борел на 16 март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а потоа ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија кој ќе се одржи во петок на 17-ти март.
За време на посетата, Борел ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Северна Македонија.
