Македонија

Сончево со мала умерена облачност

14.03.2023 08:28

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од – 5 до 2 степени, а максималната од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од – 2 до 16 степени.