Регионална работилница за борба против трговијата со „бело робје“

07.05.2014 12:01

На Регионалната работилница “Истражување на проценката на потребите: Регионалната ситуација со борбата против трговијата со луѓе во Западен Балкан”, свое обраќање имаше Диме Спасов, министерот за труд и социјала.

Рече дека трговијата со луѓе е повеќе од  криминална појава, туку таа  пред сè  претставува кршење на основните легитимни и морални права на жртвите. 
Оваа девијација има длабоки корени во општестевни слоеви и остава тешки последици врз  жртвите на трговија со луѓе, на нивните семејства, но и на целото општество.
        
“Навременото идентификување и преземањето на соодветни мерки за заштита и надминување на траумите, ја отстрануваат можноста кај жртвите на трговија со луѓе да чувствуваат долгорочни негативни ефекти. Затоа, справувањето со трговијата со луѓе бара спроведување на сеопфатна политика за борба против истата со координирана акција на сите релевантни институции и организации“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. 
 
Националниот акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2013-2016 ги акцентира активностите за борба против трговија со деца.    
 
Министерството за труд и социјална политика преку Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со „бело робје“ гради партнерски односи за соработка кои се рецептот за заеднички успех и доверба помеѓу институциите.