Влада
Битиќи на состанок со бизнис делегација на Источниот Комитет на Германското стопанство
14.03.2023 08:43
На состанокот ќе присуствува и в.д. амбасадорот Ото Граф...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе одржи состанок со бизнис делегација на Источниот Комитет на Германското стопанство.
На состанокот ќе присуствува и в.д. амбасадорот Ото Граф.
Како што соопштуваат од владината-прес служба, по завршување на состанокот предвидени се изјави за медиумите.
