Шефот на европската дипломатија в четврток и петок во Скопје на средби со државниот врв
Високиот претставник на европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на европската комисија, Жозеп Bорел на 16 и 17 март ќе престојува во официјална посета на земјава. Ќе ја предводи делегацијата на Унијата на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија...
Високиот претставник на европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на европската комисија, Жозеп Bорел на 16 и 17 март ќе престојува во официјална посета на земјава. Ќе ја предводи делегацијата на Унијата на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија. В четврток ќе се сретне со премиерот Ковачевски, а во петок ќе претседава со советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а европската комисија ќе ја претставува комесарот Вархеји.
За време на посетата Борел ќе има билатерални средби со претседателот Пендаровски, со спикерот Џафери, министерката за одбрана Петровска и со координаторите на политичките партии во собранието. Борел на 18 март заминува во Охрид, каде со премиерот Ковачевски ќе бидат домаќини на средбата на српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти, во рамките на дијалогот Белград-Приштина.
