Растат долговите на општините, Пенов незадоволен од менаџирањето
Долговите на општините растат. Долгот на општина Струга е 2,6 милиони евра, на Дебар 1,1 милион евра, а на општина Кичево 1,5 милиони евра. Министерот за локална самоуправа, вели не е задоволен од менаџирањето на градоначалниците и општинските совети...

Растат долговите на општините. Долгот на општина Струга е 2,6 милион евра, на крајот на декември лани ЈП Водовод Струга, пријавило долг од 3,4 милиони евра.
Министерот за локална самоуправа, вели не е задоволен од менаџирањето на општините во земјава, забелешката се однесува најмногу во делот на прибирање на сопствените средства и непотребните трошоци.
„Во меѓувреме Владата го зголеми учеството, државното учевство во финансирање на општините, но мора да кажам дека ние не сме задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства“, изјави Панов.
Долгови, неплатени сметки за струја, камати, превработеност, високи хонорари на ангажирани лица, скапи ручеци и редица луксузирања. Се ова им се става на сметка на општините во земјава која секоја година станува се подебела.
„Работаат како што треба тоа е најважно“, вели еден стружанец.
„Да ви кажам право воопшто. Како што ја гледате Струга, воопшто не е добро!“, вели друг стружанец.
„Не знам навистина и не сакам да коментирам, состојбата кажува сама за себе“, вели трет стружанец.
Министерот за локална самоуправа вели, немаат можност да го контролираат работењето на општините.
„Ние не сме надлежни за контрола, дури и законски не е издржано владата да ги контролира општините, бидејќи ние имаме суштинска и целосна децентрализација“, додава Пенов.
Државата пред три години исплати 50% од вкупните долгови на сите општини, но денес тие повторно се задолжени. Општина Дебар има долг од 1,1 милион евра, а долгот на општина Кичево изнесува 1,5 милион евра.
Соња Рилковска
