Руско-украински конфликт

Зеленски: Ситуацијата на истокот пресудна за иднината на земјата

14.03.2023 09:33

И Киев и Москва и натаму тврдат дека му нанесуваат загуби на противникот...

„Иднината на Украина зависи од источниот дел“, изјави претседателот Зеленски. Бахмут останува меѓу најкритичните точки на фронтот. И Киев и Москва и натаму тврдат дека му нанесуваат загуби на противникот. Жртви во Суми и Доњецк.

„На истокот е многу тешко. Мора да ја уништиме моќта на непријателот, и ќе биде така. Билогоривка, Маринка, Авдивка и Бахмут, Вугледар и Камјанка, сите овие места ќе ја одредат иднината. Таму се бориме за иднината на Украинците“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Вашингтон предупреди – Кина може да испрати смртоносно оружје во Русија. Советникот за национална безбедност на САД, Саливан, најави и средба меѓу лидерите на САД и Кина во наредниот период. Датумот за состанокот Бајден-Џинпинг не е објавен.

Во однос на договорот за продолжување на црноморската иницијатива за извоз на жито, Москва нема приговори. Спогодбата останува валидна и во наредните 60 дена. Во меѓувреме, ЕУ ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци.