Фудбал

Празник на фудбалот

07.05.2014 12:20

Битката за Купот е спортки празник насекаде! Фудбалерите на Металург и Работнички ќе истрчаат вечер на Филип Втори арената во Скопје со една желба, на крајот да го кренат победничкиот пехар...

Финале на Купот! Ден посебен за фудбалот,за неговите приврзаници, за спортот во земјава! А, најприсутен во мислите и во срцата на главните протагонисти. Битката за Купот е спортки празник насекаде! Фудбалерите на Металург и Работнички ќе истрчаат вечер на Филип Втори арената во Скопје со една желба, на крајот да го кренат победничкиот пехар. Прв пат двата состава ќе се соочат еден наспроти друг на крајот од патот, по што следи само еуфоричната победничка радост  или тагата, поради неостварениот сон.Финале многу привлечно! Ќе го играат два тима со силно обележје во македонскиот фудбал!

Работничкии и  Металург се особено влијателни  во сезонава,која е пред разврска тие  итаат кон титулата и во првенството. Работнички засега е моќникот, го има лидерското место во таа трка! Металург пак, ја носи малата психолошка предност од трите меѓусебни првенствени натпревари против денешниот ривал. „Црвено-белите“ од Идадија зад себе имаати  резултатски побогата Куп традиција. Златното време на Работнички, кое  што започна од пред една деценија беше одбележано и со двата победнички Куп пехари во 2008 и 2009 година и уште со два неуспешни обиди во финалето во 2010 и 2012 година.

Металург еднаш досега се крена до финалните височини  со успех од прва: со трофејот во 2011,единствениот победнички  во 50 годишната клупска историја.На двете „спротиставени“ клупи се двајца тренери-дебитанти, две млади тренерски имиња,  кои се со желба првото искуство да биде со искован трофеј.Игор Ангеловски, стратегот на Работнички верува во победничкиот момент во кој се наоѓа тимот. Ќе му недостасува отсуството на повредениот Вујчиќ. Срѓан Захариевски со истите амбиции минува низ големиот резултатски предизвик и императив  пред кој се наоѓа Металург.

Финале без вистински фаворит! Привлечно за двете навивачки групи, кои вечер од двата различни краја на Скопје од Дебар Маало и од Автокоманда ќе се упатат кон Градскиот парк.