Аукус

Нов договор за нуклеарни подморници

14.03.2023 09:40

Според безбедносниот пакт АУКУС, САД ќе ѝ дадат најмалку три нуклеарни подморници на Австралија...

САД, Велика Британија и Австралија ги објавија деталите од нивниот план за создавање флота со нуклеарни подморници, со цел да се спротивстават на влијанието на Кина во Индо-пацифичкиот регион. Според безбедносниот пакт АУКУС, САД ќе ѝ дадат најмалку три нуклеарни подморници на Австралија. Ќе се креира и нова флота со помош на најсовремената технологија, што вклучува и реактори на „Ролс-Ројс“.

„АУКУС има една доминантна цел: да ја зголеми стабилноста во Индо-пацификот и брзо да ја смени глобалната динамика. Првиот проект е на самиот почеток. Повеќе партнерства, поголем потенцијал, повеќе мир и безбедност му претстојат на регионот. Со прости зборови, се ставаме себеси во најсилната позиција за да ги насочуваме предизвиците на денешнината и утрешнината“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Според Кина, Пактот ги повредува мирот и стабилноста. Бајден возврати дека целта е да се зајакне мирот во регионот, нагласувајќи дека подморниците ќе бидат на нуклеарен погон, а не со нуклеарно оружје.