Култура

Гоце Ристовски- добитник на меѓународната награда за драмски текст во Анадолија

14.03.2023 09:41

„Во областа на драмската литература жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски преку неговите драми, вреднувајќи ги високо и со задоволство му ја додели Меѓународната награда за драмски автор“, стои во образложението.

Македонскиот писател Гоце Ристовски е добитник на меѓународната награда за драмски автор што се доделува на Меѓународниот театарски фестивал во Анадолија, Турција.

„Во областа на драмската литература жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски преку неговите драми, вреднувајќи ги високо и со задоволство му ја додели Меѓународната награда за драмски автор“, стои во образложението.

Наградата ќе му биде доделена на 24-ти април.

*Фото: Facebook/ Гоце Ристовски