Видови на риба што треба да се јаде
Бројни истражувања покажаа дека го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и воспаленија...

Според истражувањата на Американско здружение за срце,се препорачува да се јаде риба најмалку двапати неделно, особено лосос, сардина и туна. Токму овие риби изобилуваат со омега-3 масни киселини важни за здравјето на мозокот и срцето.
Бројни истражувања покажаа дека го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и воспаленија, а важни се и за пренаталниот развој на бебето.
Видови риби кои треба да ги консумирате:
Лосос
Постои дебата дали е подобар уловениот во дивина или одгледаниот лосос. Вториот е поевтин, но содржи помалку омега-3 масни киселини и минерали.
Бакалар
Оваа бела риба е одличен извор на фосфор, ниацин и витамин Б12.
Харинга
Харингата е мрсна риба слична на сардината. Посебно добар вкус има ако е чадена, но содржи многу натриум па треба да ја консумирате умерено.
Скуша
Скушата е мрсна риба, богата со здрави масти.
Сардини
Исто така мрсна риба која изобилува со витамини. Може да ја најдете во конзерва, но похранлива е кога се консумира свежа и цела, со кожа и коски.
Пастрмката
Пастрмката се смета за ниско калорично месо.Таа содржи јаглено хидрати, повеке витамини од групата -Б,А,Д,Е.Многубројни минерали-фосфор,селен.калиум,цинк,бакар,железо и натриум. Поради одличниот состав се смета за исклучително здраво месо кое може редовно да се конзумира.
Туна
Без разлика дали е конзервирана или свежа, туната на многумина им е омилена риба. Свежа лесно се подготвува, но внесувањето треба да се ограничи поради високата содржина на жива.
Катерина Стојановска Десковска
