САД

Трамп: Политиката на Бајден е одговорна за колапсот на моќната американска банка

14.03.2023 09:47

Трамп ја обвини економската политика на актуелниот лидер на Белата куќа Бајден и предупреди дека ќе следуваат нови финансиски колапси...

Коментирајќи го неодамнешниот колапс на американската банка во Силициумската долина (СВБ), поранешниот американски претседател Трамп ја обвини економската политика на актуелниот лидер на Белата куќа Бајден и предупреди дека ќе следуваат нови финансиски колапси.

„Со она што се случува во нашата економија и предлозите од најголемото и најглупаво зголемување на даноците во историјата на САД, и тоа петпати, Џо Бајден ќе остане запаметен како современиот Херберт Хувер“, коментира Трамп.

Според него, наредната голема депресија – најдолгиот и најголем пад на индустријализираниот Запад – ќе биде поопасна од онаа во 1929-та година.