ФИЛМ

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар – Митевска на уште 12 фестивали

14.03.2023 09:51

Во Франција, филмот ќе се прикажува во 37 киносали низ целата земја, а потоа и во Шведска, Босна и Херцеговина, Данска, Италија и Швајцарија...

„Најсреќниот човек на светот“ својата премиера ја имаше во Венеција, а сега ќе се прикажува на уште 12 филмски фестивали.

Во Франција, филмот ќе се прикажува во 37 киносали низ целата земја, а потоа и во Шведска, Босна и Херцеговина, Данска, Италија и Швајцарија. Овој и следниот месец ќе биде на програмата на 12 фестивали во САД, Бугарија, Шпанија, Колумбија, Франција, Австрија, Полска и во Турција.

По фестивалите, ќе се прикажува во кината во Јужна Америка и во Азија, како и во преостанатите европски земји.