Попоски утре ќе учествува на министерска конференција ЕУ- Западен Балкан во Солун

07.05.2014 12:39

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски утре во Солун ќе учествува на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан, што ја организира грчкото претседателство со Унијата.

Дискусиите на министерскиот состанок во Солун ќе имаат и политички и оперативен елемент. Во две сесии ќе се разговара за напредокот што го оствариле земјите од Западниот Балкан во последните десет години како и предизвиците што им стојат на патот за членството во Унијата.

На состанокот ќе стане збор и за транспортот и енергетското поврзување, ќе се проценат потребите од инвестиции во инфраструктурата и ќе се разменат мислења за подобрување на соработката и финансиската помош.