Ново рочиште за „Софтвери“
Првообвинетиот за случајот „Софтвери“ Драги Рашковски тврди-документите за јавната набавка се транспарентно евидентирани во основните средства во Владата. Според Обвинителството, поранешниот Генерален секретар на Владата не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка...

Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Софтвери“, на кое првообвинетиот Драги Рашковски, поранешен Генерален секретар на Владата даде исказ, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција преку прашања кон него ги докажува наодите во поднесениот обвинителен акт. Рашковски тврди дека документите кои се однесуваат на јавната набавка, се транспарентно евидентирани во основните средства во Владата.
Според обвинението пак тој не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, набавка на камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички.
Поранешниот Генералниот секретар на Владата е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари“, а уште шестмина се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
