Мандатите на СДСМ останаа неврачени
Според распоредот беше предвидено уверенијата први да ги добијат пратениците на опозицијата кои не се појавија, а потоа и на позицијата...

Избраните 34 пратеници од листите на СДСМ и на здружената опозиција не дојдоа во ДИК на врачување на уверенијата за пратеничките места кои ги освоија на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 27-ми април.
Денеска од 11 до 13:30 часот новоизбраните пратеници можат во ДИК да ги земат уверенијата за освоените мандати .
Според распоредот беше предвидено уверенијата први да ги добијат пратениците на опозицијата кои не се појавија, а потоа и на позицијата.
Вчера ДИК едногласно го усвои и заклучокот за парламентарните избори до комисијата, како што изјави претседателот Рилкоски, ниту една партија не доставила информација за неприфаќање на мандатите.
