СТРУМИЦА

Агенцијата за млади и спорт ја презентираше Националната стратегија за млади во Струмица

14.03.2023 13:24

Младите струмичани бараат во Националната стратегија што ја подготвува Агенцијата за млади и спорт, фокус да се стави на можноста за стекнување дополнителни вештини и знаења, за да младите бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Паралелно побараа и континуирано информирање за мерките за поддршка што ја дава државата за нив...

Државата и локалните самоуправи да бидат поотворени кон младите за нивно активно учество во креирање на одредени политики. Нивните информации често не стигнуваат до младите за било какви програми или поддршка, посебно кога станува збор за стекнување нови компетенции за вработување или помош за отворање бизнис.

Данче Кирова од Струмица смета дека многу малку младите од струмичко се информирани, што сѐ нуди државата на оваа поле.

Во Струмица се одржа презентација на драфт верзијата на Националната стратегија за млади од страна на Агенцијата за млади и спорт, се со цел да се слушне гласот на младите за подобрување на нивниот социоекономски статус во државата.

Младите струмичани до почетокот на летото треба да добијат Младински центар кој ќе биде сместен во зградата на Општина Струмица а во тек е постапката за формирање на Младински совет чии претставници ќе бидат активни чинители во креирањето на локалните политики.

 

Ване Трајков