Фон дер Лајен ги повика Србија и Косово да го прифатат планот на ЕУ
За претстојните разговори во Охрид, шефицата на Европската комисија се надева дека двете страни ќе бидат конструктивни.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика Србија и Косово да го прифатат планот на ЕУ за нормализација на односите и додаде дека тоа е клучно за стабилноста на целиот регион.
За претстојните разговори во Охрид, шефицата на Европската комисија се надева дека двете страни ќе бидат конструктивни.
На прашањето дали ќе има последици доколку преговорите во Охрид пропаднат, Фон дер Лајен рече дека прво треба да се преговара, па дури потоа да се погледне резултатот.
Формирањето на Заедницата на српските општини е главниот предуслов за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, вели Специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.
