Укината пресудата на Даравелски поради застареност
Според судиите, нему не може да му се суди одново бидејќи има апсолутна застареност на делото „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пресудата со која доби седум години затвор се укинува. Со решението на судот, се запира и постапката за кривично гонење против Даравелски.

Драган Даравелски од денеска е слободен човек, откако поради настапување на апсолутна застареност на пресудата против него, Основниот кривичен суд Скопје ја укина.
Според судиите, нему не може да му се суди одново бидејќи има апсолутна застареност на делото „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пресудата со која доби седум години затвор се укинува. Со решението на судот, се запира и постапката за кривично гонење против Даравелски.
Даравелски беше осуден на седум години затвор во отсуство во 2007-ма година. Тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999-та до 2002-ра година. Кривичниот законик предвидува дека за делото можат да бидат изречени максимум 10 години затвор. Застарувањето е за 20 години, односно во 2022-ра година.
Поранешниот шеф на Царината, кој беше баран со потерница 20 години, се појави на македонската граница во јануари, кога и беше уапсен. Пред еден месец, Даравелски излезе и од затворот „Идризово“, по одлуката на Кривичниот суд да се повтори постапката, иако беше извесно дека тоа значи застарување на делото.
