Здравство

Во тетовско сè почесто се дијагностицира рак на дојка

14.03.2023 14:11

За време на бесплатните прегледи, кај секоја втора жена се констатира малигно заболувања на дојката. Статистиката говори дека болеста зема замав и кај младата популација. Раното откривање е најдобар лек...

Доктор Павле Спасеновски кај секоја втора жена констатира малигно заболувања на дојката, за време на бесплатните прегледи кои со години ги врши во Здружението на пензионери Тетово.

Костовска Сунца од Тетово е една од жените која направи ехо преглед. Вели, свесноста за рано откривање на оваа болест е мала, но и можноста се поретка. Благодарение на ваквите хуманитарни акции се прегледав, оти во болница ретко можеш да добиеш термин.

Загрижувачки е што ракот на дојката сè повеќе се дијагностицира и кај помладата популација. Најдобра превентива е самопрегледот, но и при најмал симптом, веднаш да се оди на лекар.

Ракот на дојката се почесто се дијагностицира и кај машката популација.

Зоран Димовски