Претседателот Пендаровски во посета на Обединетите Арапски Емирати
Претседателот Пендаровски утре во Абу Даби ќе биде примен од Н.В. Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, Претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби.

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.
Во состав на официјалната делегација за време на посетата на ОАЕ е министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Претседателот Пендаровски утре во Абу Даби ќе биде примен од Н.В. Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, Претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби.
За време на официјалната посета, предвидено е претседателот Пендаровски да положи цвеќе на Вахат Ал Карама (Оаза на достоинството) и да оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати, информираат од претседателскиот кабинет.
