Изненадување во Драмски – Влезници по 100 денари до крајот на сезоната

07.05.2014 12:46

Одлично изненадување за сите љубители на театарот.

Сите ќе бидат позитивно изненадени од последната објава на Драмски театар. Сите влезници кои беа по цена од 280 денари, до крајот на сезоната ќе чинат само 100 денари.

Вечерва можете да ја погледнете претставата „Живот во тесни чевли“ во 20 часот, а еве го репертоарот и за наредните неколку дена.