Утре Советот на Општина Бутел ќе го укине деталниот урбанистички план за улицата „Боца Иванова“
Утре Советот на Општина Бутел, ќе го укине деталниот урбанистички план и на спорната локација на улица „Боца Иванова“, нема да никне станбен комплекс, вели градоначалникот Костовски. Жителите пак, бараат градоначалничката Арсовска да го исполни ветувањето дека овој простор нема да биде узурпиран. Од Град Скопје со став, проектите да не се злоупотребуваат за теснопартиски интереси...

Во замена за гласови за локалните избори, Арсовска им ветила на бутелчани, дека на улицата „Боца Иванова“, нема да се изгради булевар, ниту згради, тврдат жителите. Сега револтирани од одлуката на градоначалничката, бараат таа да стои на зборот и да ја повлече одлуката.
Градоначалникот на Бутел, Костовски со поддршка за граѓаните, бара да се промени трасата за изградбата на булеварот и вети дека нема да дозволи овде да никнат 7 висококатници. До Советот на општината ќе биде поднесена иницијатива за укинување на маркиците, се сомнева дека тоа е причината поради која Арсовска сака да изгради булевар.
Ниту бутелчани, ниту Арсовска, не се откажуваат од своите планови, едните најавуваат протести, градоначалничката старт на градежните работи за изградба на булевар. Таа на граѓаните им порача дека границите на имотите се јасни и дел од луѓето узурпирале државен имот. По однос на градбата на седумте висококатници Арсовска тврди дека зградите биле вцртани во детален урбанистички план уште пред 8 години кој сè уште е во сила.
Викторија Милевска
