Сè додека дрвата се главен начин на затоплување, ќе имаме аерозагадување во зима
Мерните станици во зима покажуваат загаденост на воздухот во сите урбани средини. Оџаците се сериозен загадувач, посебно кога просториите се затоплуваат со стари печки на дрва. Екологистите бараат повеќе мерни станици, експертите препорачуваат ограничување на дрвата за загревање...

Употребата на дрва за огрев е најсериозниот аерозагадувач во зима во градовите од источниот регион, покажуваат резултатите од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Постојаното струење на воздухот по текот на Брегалница и кај Овче Поле го ублажува, но не го елиминира проблемот.
Кочани е градот каде аерозагадувањето најсилно се чувствува. Еко активистите бараат две нови мерни станици да се постават во центарот на градот и во индустриската зона. Локалната власт набави само една која планира да ја инсталира на општинската зграда.
Регионот ќе се ослободи од аерозагадувањето кога ќе запре палењето на стрништата и депониите, сметаат експертите и кога со владини мерки ќе се ограничи употребата на огревни дрва.
Славица Величковска
