Македонија

100 години од раѓањето на Ацо Шопов

14.03.2023 15:07

Омаж за македонскиот поет и преведувач член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија Ацо Шопов. Организатори на денешниот омаж за Ацо Шопов се општина Центар и Францускиот институт во Скопје...

Омаж за македонскиот поет и преведувач член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија Ацо Шопов се одржа по повод 100 години од раѓањето во Музејот на Македонската борба за независност во Скопје. Но, каков бил Ацо Шопов како сопруг, татко, пред камерата на МТВ раскажува неговата сопруга, Светлана Шопова.

Организатори на денешниот омаж за Ацо Шопов се општина Центар и Францускиот институт во Скопје.

Творештво на Шопов опфаќа три фази: првата се годините по војната, во која Шопов пишува борбена и патриотска поезија, во која сè е подредено на татковината, а се издвојува антологиската „Очи“. Во втората пишува интимна лирика, мотивите се човековото битие, минливоста и смислата на животот. Последната фаза е исполнета со интровертност и автобиографски елементи

На 21-ви март во Унеско, Денот на поезијата во светот ќе му биде посветен на Ацо Шопов.

Александра Велинова