Јанез Јанша во затвор на крајот на мај!

07.05.2014 12:48

Заминувањето на Јанша во затвор доаѓа во момент кога актуелната словенечка премиерка Аленка Братушек, поднесе оставка, а вонредни парламентарни избори се најавуваат најрано за крајот на јуни...

Поренешниот премиер и лидер на влијателната опозициска Демократска странка на Словенија, Јанез Јанша, најверојатно до крајот на мај ќе мора да замине во затвор, пишува словенечкиот „24 часа“.

Тој, како се наведува, се уште не ја примил пресудата со која е осуден на две години затвор за корупција при купување оклопни возила од финската фирма Патрија.

Заминувањето на Јанша во затвор доаѓа во момент кога актуелната словенечка премиерка Аленка Братушек, поднесе оставка, а вонредни парламентарни избори се најавуваат најрано за крајот на јуни или многу поизвесно, на почеток на есента.