САД

Дел од САД зафатен со снежно невреме

14.03.2023 18:00

Зимската бура со изобилни снежни врнежи затвори стотици училишта во САД. Откажани се летови, а на североистокот има прекини на електричната енергија...

Зимската бура со изобилни снежни врнежи затвори стотици училишта во САД. Откажани се летови, а на североистокот има прекини на електричната енергија.

Невремето зафати делови од Нова Англија, северен Њујорк, североисточна Пенсилванија и Њу Џерси. Во Њујорк е прогласена вонредна состојба.

Распореден е дополнителен персонал, вклучително и националната гарда во области што се очекува да бидат најпогодени од невремето.