Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

15.03.2023 08:44

Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.

Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови.

На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во вечерните часови ќе се засили и ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.