Собранието ќе ја продолжи 71-та седница
Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година...

Собранието денеска треба да ја продолжи 71-та седница, на која на дневен ред предвидени се повеќе точки.
Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.
На дневен ред е и Интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, измени и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година и друго.
