прес
Фатмир Битиќи денес ќе учествува на трибина со млади
15.03.2023 08:50
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува на трибина со млади...

Денеска со почеток во 11:30 часот, во ЕУ Инфо Центарот, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува на трибина со млади, на која ќе се дискутираат заклучоците на проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ кои ги изработи Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, стои во соопштението од Влада.
